24/04/2024
Охрид

Претставници од НВО Коалиција на Египќаните се сретнаа со претставници на Мисијата на ОБСЕ

Лидерот на НВО КАОЛИЦИЈАТА на Египќаните, Демир Далип, денес оствари средба со претсавници на мисијата на ОБСЕ во Р.Македонија, со офицерот за набљудување при мисијата на ОБСЕ,Суад Салкиќ. На средбата, како што се наведува во соопштението од НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ, се нотирани круцијалните прашања кои ги засега преставниците етничката заедница на Египканите во Р.Македонија. Со ова средба, практично се реализира најавената агенда на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ, за средба со преставници на мегународниот фактор.

„Да потсетиме, делегација на Египканите, имаше средба и со првиот човек на ЕУ во Р.Македонија,неговата екселенција,СамоелЖбогар.Во агендата се наведува дека се очекуваат средби со Зам.Амбасадорот на ОБСЕ, со Амбасадорот на САД, Велика Британија, Турција и други.“– стои во соопштението од НВО Колаицијата на Египќаните.