28/03/2024
Охрид

Претставници од НВО Коалицијата на Египќаните се сретнаа со заменик германскиот амбасадор Петер Шалер

НВО Коалицијата на Египќаните предводена од лидерот Демир Далип, ја продолжи агендата за средби со највлијателните Амбасадори во Р.Македонија.

Денес, беше реализирана средба со заменик амбасадорот, Петер Шалер. Како, што се наведува од НВО Коалицијата на Египќаните после средбите со евроамбасадорот Самоел Жбогар, францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние како и со мисијата на ОБСЕ, оваа средба со заменик германскиот амбасадор, ја заокружи агендата која ја воспостави лидерот Демир Далип, и најавуваат дека се огромни шансите Египќаните да бидат дел од Уставната Преамбула. Средбата, поминала во многу срдечна и пријателска атмосфера, а Египќаните и Р.Македонија во Германија гледаат како на стратешки искрен пријател.