16/04/2024
Охрид

Претставници од Златибор во посета на Охрид

Деновиве претставници од општина Чајетина, Србија, Туристичката организација Златибор и КУД „Златибор – ветерани“ се во посета на општина Охрид.

Целта на нивното доаѓање е посета на културните и историски обележја на градот Охрид, како и меѓусебна соработка со општина Охрид.

Нивната посета ќе биде заокружена со промоција на планинскиот туризам во Златибор, збогатено со дефиле низ охридската чаршија и перформанс на плоштадот св. Климент Охридски со почеток од 18 ч.

Завршнате манифестација е со хуманитарен карактер и е поддржана од Црвен Крст Охрид, а присутните ќе имаат можност да донираат доброволен прилог во поставените каси за хуманитарни цели.