29/03/2024
Охрид

Претставување на дел од творештвото на Елена Карамешиноска Ангелоска (1940-2017)

Претставување на дел од творештвото на Елена Карамешиноска Ангелоска (1940-2017) во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид на 08.05.2018 (вторник) во 12:00 часот по повод 1(една) година од нејзината смрт.

Роднокрајна авторка која зад себе остави, покрај другите книги, 3(три) наслови наменети за најмладите читатели, кои претставуваат нејзин придонес  во рамките на македонската литература за деца и млади. На самиот настан ќе бидат поделени книги од нејзиното творештво на присутната публика – подарок од нејзиното семејство, чии претставници ќе бидат присутни на овој настан.