19/04/2024
Охрид

Превентивна системска дератизација на подрачјето на Општина Охрид

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 , 99/2009, 149/2014 и 150/2015) екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид на ден 17.10.2018 год. и 18.10.2018 год. ќе спроведе системска дератизација во стариот дел на градот, населба “Билјанини извори”, “Гоце Делчев”, “Воска” и “Далјан” како и по улиците “Туристичка”, “Питу Гули”, “Железничка”, “Јане Сандански”, “7ми Ноември”, “Марко Нестороски”, “Кеј Македонија”, “Македонски просветители”, “Момчило Јорданоски”, “Прва македонска ударна бригада”.