20/04/2024
Охрид

Превентивно од денес се затвора и НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Во согласност со мерките за превентивна заштита од корона вирусот од денеска се затвора и НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Во насока на спроведување на дополнителни заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид известува дека од денеска ќе го применува заклучокот број 12 на Владата во кој се вели: Да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 13 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.