19/04/2024
Охрид

Презентиран „Муни“ системот за комуникација со граѓаните

Вршителот на должност  градоначалник Константин Георгиески денеска присуствуваше на презентација на „Муни“ апликацијата со чие воведување би се овозможило поголема интеграција меѓу општинските сектори и јавните претпријатија во насока на подобра и поквалитетна комуникацијата со граѓаните.

Системот за комуникација е составен од три подсистеми кои може да функционираат независно или сплотени во еден.

 Апликацијата за граѓаните ќе биде достапна на нивните смарт телефонски уреди кои на таков начин ќе може да плаќаат  месечни сметки за различни видови комунални давачки или да се обраќаат директно до општинските служби  кои се задолжени  за решавање на конкретниот проблем.

„Муни“ системот за комуникација меѓу општинските служби и граѓаните во моментов одлично функционира во Љубљана, Р.Словенија.