28/03/2024
ОхридСпорт

Презентиран проектот за реконструкција и изградба на нова трибина на СРЦ „Билјанини извори“

Во седиштето на  Фудбалската федерација на Македонија, денеска на средбата на в.д председателот на федерацијата Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и градоначалниците на општинте Охрид Јован Стојаноски и на Чаир Висар Ганиу, беше презентиран проектот за реконструкција и изградба на нови трибини на стадионите во  Охрид и Чаир.

Во соработка со ФФМ и  УЕФА, Општина Охрид ќе ги реконструира  постојните и ќе изгради нова трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини извори“. Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.

Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.