23/04/2024
Македонија

Презентирана епидемиолошката состојба однос на одредени болести во здравствениот и ветеринарниот сектор

Дефинирање на потребите и предизвиците за зајакнување на интегрираниот надзор и контрола на инфекции со арбовируси, давајќи приоритет на јакнење на регионалните и прекуграничните стратегии и активности се дел од заклучоците од научната конференција на која вчера и денес се одржа во Рим Италија, а на која учествуваше директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов. На конференцијата организирана од Националниот институт за здравство на Италија со поддршка на италијанскиот Институт за зоопрофилактика, во рамки на MediLabSecure иницијативата “Едно здравје” директорот Атанасов ја презентира епидемиолошкта состојба со одредени болести во здравствениот и ветеринарниот сектор во Република Македонија. Целта на оваа иницијатива е зајакнување на превенцијата и контролата на арбовирусните инфекции во Медитеранот и во регионот на Сахара, преку координација и соработка на здравствените и ветеринарните власти.

На конференцијата на учествуваа претставници од од 22 земји (Албанија, Алжир, Ерменија, Босна и Херцеговина, Буркина Фасо, Египет, Грузија, Јордан, Косово, од Либан, Либија, Македонија, Мали, Мавританија, Мароко, Нигерија, Палестина, Сенегал, Србија, Тунис и Турција).

Шест од десет закани по глобалното здравје во 2018 година, според Светската здравствена организација, се прашања поврзани со здравјето на луѓето и животните кои имаат влијание и врз животната средина, вклучувајќи ги и вродените болести кај инсектите како што се и инфекциите со арбовируси. Некои од овие закани немаат само директно влијание на здравјето на луѓето и животните, туку, влијаат и на безбедноста на храната и на трговијата.