19/04/2024
Струга

При претрес на фарма пронајдена дрога кај жител од Корошишта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.К.((52) од струшкото село Корошишта.

На 23-ти август оваа година, при извршен претрес на фарма во атарот на селото Корошишта, под пластеници од најлонски фолии пронајдени се 10 стебла со висина од 2,5 метри од растението Cannabis. Садниците, кои биле засадени покрај останатите земјоделски култури во фармата, сопственост на сега пријавениот, се одземени по што е извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.