28/03/2024
Охрид

Пригодни чествувања за ликот и делото на Андон Кецкаров

Со панихида и пригоден историски час на 30-ти јануари 2020 година со почеток во 12 часот, ќе се одбележат 155 години од раѓањето и 75 години од смртта на македонскиот револуционер, просветниот и општествен деец, охриѓанецот Андон Кецкаров.

Частвувањата ќе се одржат на неговото вечно почивалиште кое се наоѓа на источната страна од црквата „Свети Константин и Елена“. Ова спомен обележје и просторот околу него, беа соодветно уредени неодамна од страна на Општина Охрид и ЈП „Градски гробишта“.

Андон Кецкаров е роден во Охрид 1865 година и е еден од истакнатите интелектуалци од 80-те и 90-те години на XIX век, кои бараат нови форми на организирање на населението, комбинираjќи ја просветната со револуционерната агитација. Во периодот 1887-1889 година Кецкаров бил учител во Охрид, а меѓу 1889-1897 година во Битола. Во 1942 година Кецкаров бил еден од основачите на Охридската општограѓанска фондација „Св. Климент Охридски“, која имала хуманитарни цели. Починал на 30 јануари 1945 година.