Пријавувањето за „Охрид трчаТ“ 2019 ќе започне од 24 декември

Пријавувањето за учество на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе започне од понеделник (24 декември), а не од среда (18 декември), како што беше најавено.

„Пролонгирањето е поради прераната и неочекуваната смрт на нашиот поддржувач број еден – градоначалникот Јован Стојаноски.“ – соопштуваат организаторите на „Охрид трчаТ“.

Третото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе се одржи на 2 јуни низ градските улици. Заинтересираните ќе можат да се пријават на трката 5 и 10 километри или тим билдинг трката на 5 километри.