Пријавувањето за учество на „Охрид трчаТ“ 2019 започнува на 19 декември

Под мотото „Трчај, забавувај се и уживај во убавините на Охрид“, Атлетскиот викенд Охрид трчаТ ја започна кампањата за третото издание кое ќе се одржи на 2 јуни следната година.

Пријавувањето за учество за следното трето издание на најголемата и најмасовната спортска манифестација ќе започне во среда (19 декември), а организаторите најавуваат многу новитети, но задржување на забавата, музиката, дружењето и трчањето што го краси Охрид трчаТ.

Организациски стартувавме со кампања за третото издание на Охрид трчаТ, а со пријавување ќе започнеме од следната среда. Работиме напорно да го задржиме квалитетот и да внесеме што повеќе новитeти со кои ќе го кренеме настанот едно или две нивоа погоре.“ – изјавија од Охрид трчаТ.

Понудата останува иста односно вљубениците во трчањето можат да учествуваат на 5 и 10 километри или тим билдинг трката која се трча на 5 километри.