Притвор за три лица за убиство во велешко Долно Караслари

На 24.01.2020 во Полициската станица во Велес приведени се И.Т.(20). Д.Т.(28) и М.Т.(49) од с.Долно Караслари – велешко поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство на 19.012020 врз нивниот татко и сопруг З.Т. (58 ). На 19.01.2020 М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото. По извршената обдукција на телото, утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на лицето, по што од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал при МВР и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот и биле приведени М.Т. (сопруга на З.Т.) и И.Т. и Д.Т. (синови на З.Т.). По обезбедните докази, тие се предадени на јавното обвинителство, по што се изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд – Велес, каде судијата им одредил мерка притвор.