18/04/2024
Охрид

Притворен пожарникар од Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „насилство“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.К.(40) од охридското село Велгошти, вработен во протипожарната служба.

На Ј.К. од надлежниот суд му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена. Ј.К. на 9.1.2019 во просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид со дрвен предмет го нападнал Г.С.(54) од Охрид и му нанел тешки телесни повреди, по што Г.С. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Потоа, во друга просторија физички го нападнал пожарникарот Т.Т.(45), нанесувајќи му повреди. Откако го напуштил местото на настанот, Ј.К. се јавил на службениот телефон во противпожарната служба и упатил сериозни закани кон пожарникарот А.А.(56) од Охрид.