20/04/2024
Охрид

Притворени двајца крадци од Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени 14 казнени дела „тешка кражба“ и 5 казнени дела „кражба“, СВР Охрид, против И.Б.(29) и С.Ѓ.(34), двајцата од Охрид, поднесе кривична пријава.

Пријавените, казнените дела ги сториле во периодот од октомври минатата, до април оваа година, на различни локации во Охрид и во неколку селски населби, каде со употреба на подесен алат и физичка сила, отварале прозори и вратит од куќи и станови. Одземените предмети веднаш ги продавале со што се стекнале со значителна противправна имотна корист.