16/04/2024
Охрид

Приведен албански државјанин на ГП „Свети Наум“

На 11.11.2018 година во 15:05 часот на Граничниот премин „Свети Наум“ при излез од Р.Македонија при проверка на патничко моторно возило „Цитроен“ со албански национални ознаки управувано од Ф.О.(36) од Р.Албанија тој приложил грчка возачка дозвола.

Од страна на полициски службеници било констатирано дека е фалсификувана. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР-Охрид за понатамошна постапка.