19/04/2024
Македонија

Приведен државјанин на Германија, се обидел да пренесе мигранти од Гана

На 05.01.2020 во 22.40 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ од слобода бил лишен К.E.(33) од СР Германија поради тоа што во патничко возило „фолксваген“ со германска национални ознаки превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија.

По преземени мерки било констатирано дека приложените патни исправи биле пријавени за украдени во текот на 2019 година, а во разговор со полициски службеници лицето изјавило дека ги набавило во Германија.

Возачот бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Трите лица од Гана ќе бидат пренесени во Прифатниот центар за странци во Скопје. Во врска со настанот, од слобода била лишена и Р.А.(30) од Италија, која била сопатничка во возилото.