25/04/2024
Македонија

Приведен косовски државјанин на ГП „Ќафасан“

На 05.02.2019 година 16.10 часот на Граничен премин „Ќафасан“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Х.Ј.(59) од Косово се наоѓа на Стоп-листа.

Лицето било приведено и задржано во просториите на Полициската станица за Граничен премин „Ќафасан“ за понатамошна постапка.