25/04/2024
Македонија

Приведен крадец на возила од скопското село Грчец

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје против лицето Ј.П.(27) од село Грчец, скопско поради основи на сомнение дека извршил едно кривично дело „Тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на Република Македонија.

Кривичното дело пријавениот го извршил на 22.01.2018 година околу 12,20 часот пред маркет на улица „Борис Сарафов“. Имено, оштетениот се паркирал со своето патничко моторно возило „Форд Експлорер“ со американски регистерски ознаки за да купи нешто од продавница, а возилото го оставил да работи со клучот на бравата. Пријавениот ја искористил приликата, влегол во отклученото возило и го одзел.

Оштетениот веднаш реагирал да го стигне и запре возилото, но не успеал, по што телефонски пријавил во СВР Скопје. Од страна на полициски екипи веднаш е отпочната потрага на терен во правец на движење на украденото возило.

Пријавениот J.П. најпрво предизвикал сообраќајна незгода удирајки со одземеното возило во друго возило, по што веднаш гo напуштил местото на настанот во правец на село Кондово, каде го оставил возилото и се дал во бегство. По кратко време Ј.П. е фатен и приведен.

Возилото е вратено на оштетениот, кој го препознал Ј.П. како сторител на кривичното дело.