28/03/2024
Охрид

Приведен охриѓанец кој ја попречил работата на полициските службеници

Денес (21.07.2019) во 05:20 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид, приведен е Ј.П.(33) од Охрид. Тој, во видно алкохолизирана состојба, се обидел да ги спречи полициските службеници во извршување на работите од областа на безбедноста.

Тој е задржан во полициската станица, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава.