25/04/2024
Охрид

Приведен охриѓанец кој со нож нападнал и прободел сограѓанин

Синоќа околу 23:00 часот, пред куќа на улицата „Андон Дуков“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ј.С.(37) врз Н.А.(50), двајцата од Охрид.

Притоа, Ј.С. извадил нож и му нанесол телесна повреда на Н.А. во пределот на главата. Него му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, а Ј.С. е приведен и лишен од слобода. Кај него е пронајден и одземен метален нож.

По целосно документирање на овој настан, против Ј.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.