25/04/2024
Охрид

Приведен охриѓанец кој започнал расправија и скршил еден од апаратите во казино во Охрид

На 21 ноември оваа година, во 00:05 часот, во СВР Охрид приведен е Е.Ш.(38) од Охрид. Тој, во казино лоцирано на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир, започнал вербална расправија со вработените, а потоа скршил еден од апаратите. Натамошниот тек на нарушувањето е спречено со интервенција на полициски службеници, кои при извршен преглед, кај него пронајдоа помала количина опојна дрога марихуана и еден нож на преклоп.

По целосно документирање на настанот, против Е.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.