28/03/2024
Охрид

Приведен пијан охриѓанец кој искршил излози од казино и од други објекти

Синоќа околу 23:00 часот, во СВР Охрид приведен е Е.Ш.(38) од Охрид.

Тој, пред казино лоцирано на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со кршење на излози од казиното и уште неколку соседни објекти, а потоа започнал расправија со вработените.

Е.Ш е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.