19/04/2024
Македонија

Приведен препродавач на хероин во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против И.С.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик на Република Македонија. Имено, пријавениот И.С. во текот на месец декември 2017 година неовластено, заради понатамошна препродажба, од засега непознато лице набавил и држел кај себе наркотична дрога хероин и смеса за зголемување на масата на хероинот. Пријавениот откако ги набавил хероинот и смесата за зголемување на масата на хероинот, ги чувал во својот дом, каде ги пакувал во помали полиетиленски паковки наменети за улична препродажба.

На 06.12.2017 година, по претходно добиени оперативни сознанија и издадена судска наредба за претрес на дом и други простории, од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи-Скопје бил извршен претрес во домот на И.С. каде биле пронајдени една кутија во која имало 13 помали и една поголема паковка со прашкаста материја, две стаклени тегли во кои имало кеси со прашкаста материја, една кутија со пет кесички со прашкаста материја, дигитална вага и држач за СИМ картичка со остатоци од прашкаста материја. Пронајдените предмети биле одземени и со наредба од Основното јавно обвинителство – Скопје биле предадени на вештачење. По извршеното вештачење било утврдено дека пронајдената прашкаста материја од пет пакувања со вкупна нето маса од 43,15 грама е хероин, прашкастата метерија од стаклените тегли со вкупна нето маса од 498 грама претставува мешавина од кофеин и парацетамол, додека трагите пронајдени на дигиталната вага и држачот за сим картичка претставуваат остатоци од хероин.

Пријавениот И.С. бил лишен од слобода и во просториите на Единицата за недозволена трговија бил извршен службен разговор, при што го појаснил начинот на купопродажба на наркотичната дрога.