16/04/2024
Охрид

Приведен прилепчанец кај кого се пронајдени ќеси со опојна растителна материја

На 02.12.2019 година околу 18 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на охридското село Оровник, при преглед на патнички автомобил „Опел Корса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(34) од селото Житоше, општина Прилеп, пронајдени, одземени и предадени на вештачење се пет најлонски ќеси со зеленкаста опојна растителна материја.

Возачот е приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.