20/04/2024
Македонија

Приведен разбојник од Скопје-ограбувал аптеки со пиштол

Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје гo предаде лицето С.Х. (40) од Скопје, поради основи на сомнение дека извршил две кривични дела – “разбојништво“, предвидено и казниво по чл.237 од КЗ на РМ, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 31.330 денари.

Кривичните дела С.Х. ги извршил во текот на минатата недела (од 07. до 13.03.), во вечерните часови во аптеки, и тоа едно на подрачје на Аеродром и едно на подрачје на Ѓорче Петров. Притоа, пријавениот во двата случаи, разбојништвата ги извршил на тој начин што откако ќе се уверел дека нема да биде забележан од никого, влегувал во аптеките со пиштол во рака и со закана по животот кон вработените од регистер касите одземал пари и други производи од рафтовите, по што го напуштал местото на настанот.

По превземени оперативни активности, завчера (15.03.) врз основа на претходно добиена наредба од Основен суд Скопје 1 извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот С.Х. Исто така, извршен е и предглед на видео материјалот од безбедносните камери на двете аптеки. Покрај ова, истиот ден во просториите на ПСОН Карпош извршено е препознавање од страна на вработените кои со сигурност го препознале пријавениот како сторител на кривичните дела.