25/04/2024
Охрид

Приведен скопјанец кој со пиштол влегол во три златарници во Охрид

На 16.10.2019 во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид на улица „Св.Климент Охридски“ во Охрид од слобода го лишија Х.С.(23) од Скопје. Тој, според претходно добиена пријава, со пиштол на дијаболи во рацете влегол во три златарници на истата улица.

По целосно документирање на настанот и во консултација со Јавен обвинител СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.