28/03/2024
Македонија

Приведен скопјанец поради нелегално поседување оружје

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје ќе поднесе кривична пријава против Б.Б.(64) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Денеска, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во објект во село Марино, скопско. При претресот биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 со две рамки за него, 10 куршуми непозната марка и калибар, ловна пушка „Црвена застава“,пиштол М57 калибар 7,62 мм со една рамка, 18 куршуми непозната марка, 89 ловни патрони непозната марка, ловна пушка „Црвена застава“,пиштол непозната марка со калибар 9мм со една рамка за него и пушка непозната марка.

Пронајдените предмети биле одземени, а Б.Б. бил лишен од слобода за понатамошна постапка.