19/04/2024
Струга

Приведен стружанец кој чувал нелегално оружје

На 11 јануари оваа година, во 17 часот и 30 минути, при извршен личен преглед кај У.В.(22) од струшкото село Поум, пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 9 милиметри и рамка со девет куршуми, кои нелегално ги поседувал.

Прегледот е извршен во кафетерија во селото Делогожда каде е забележан а потоа, веднаш е приведен во полициската станица во Струга.

По консултација со Јавен обвинител и судија на претходна постапка, У.В. е лишен од слобода. Против него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.