19/04/2024
Струга

Приведен стружанец кој во маркет барал пиво, превртел сталажа и се заканувал на вработените

На 19.08.2018 година околу 20:30 часот во Струга, во маркет на улица ,,Маршал Тито“ М.И.(29) од Струга под дејство на алкохол влегол во маркетот и побарал пиво, а потоа во еден момент ја превртeл сталажата за наочари, по што упатувал закани по животот кон вработените.

Од страна на полициски службеници истиот бил приведен во Полициска станица Струга за понатамошна постапка.