Приведен жител од Лабуништа кој одбил алко-тест и навредувал полицајци во Охрид

На ден 23.06.2018 година во 06:30 часот во Охрид на пресекот на булевар „Туристичка“ со улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, случен е вербален напад со омаловажување и навредување на полициски службеници извршено од страна на Е.Ј.(23) од струшкото село Лабуништа.

Настанот е случен откако, двајцата полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, кои во моментот извршувале работни задачи контрола и преглед на патниот сообраќај, констатиран прекршок, по што го запреле патничкиот автомобил марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки. Сега пријавениот одбивал да му биде извршено алкотестирање.

Револтиран од тоа, Е.Ј. кон полициските службеници изрекол низа навредливи и омаловажувачки зборови, по што, бил приведен во полициската станица во Охрид. Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава согласно член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.