19/04/2024
Охрид

Приведен жител од Пештани кој незаконски ловел риби

На втори декември оваа година во 18 часот и 30 минути, кај населбата „Лагадин“ во Охрид, поради вршење незаконит риболов, приведен е А.П.(29) од охридското село Пештани.

Приведувањето е извршено во момент кога тој, од метално кајче со кое пристигнал на брегот на Охридското езеро, пренесувал пластична гајба со две рибарски мрежи и 95 парчиња риба Охридска белвица.

Уловот е одземен и предаден во Хидробиолошкиот Завод од Охрид.