29/03/2024
Струга

Приведен жител од Велешта кој кршел во казино во Струга, нападнал полицајци и се заканил со бомба

Поради сторени казнени дела „насилство“ и „спречување на овластени службени лица при вршење на службени дејствија“, на 19 октомври оваа година околу 19 часот и 30 минути, пред казино лоцирано на улицата „Маршал Тито“ во Струга приведен е П.К.(45) од струшкото село Велешта.

Претходно, тој влегол во казиното и со заканувачки зборови, од благајникот побарал пари по што, почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата.

Неговиот агресивен однос продолжил и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале. Кон нив упатувал серија закани и навреди, фрлал со предмети при што го оштетил предното стакло од полицискиот автомобил.

Во еден момент, П.К. ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека ќе ја активира бомбата што ја носел. Со брза реакција, тој е совладан и лишен од слобода.