20/04/2024
Македонија

Приведени четворица дилери на марихуана

На 15.01.2019 година околу 23.00 часот на улица „Александар Илиќ“ во Дебар, при контрола на патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(45) од Тетово, полициски службеници пронашле две торби со 20 килограми опојна дрога марихуана. Д.А. е лишен од слобода и приведен во Полициската станица Дебар.

Во врска со овој случај на граничниот премин „Блато“ бил приведен K.Х.(41) од Република Албанија, додека на граничниот премин „Ќафасан“ биле приведени И.Е.(33) и Ц.Г.(31), двајцата од Република Албанија. Овие три лица биле предадени и задржани во Полициската станица Дебар. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.