28/03/2024
Охрид

Приведени две лица од Скопје кај кои била пронајдена дрога

На 13.08.2019 во 19:40 часот од страна на полициски службеници на СВР Охрид на регионалниот пат Охрид-Св.Наум приведени се Л.Г.(34) и А.В.(39) и двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При извршениот претрес во патничките моторни возила марка „Опел вектра“ и „Фолксваген пасат“ и двете со скопски регистарски ознаки, кои биле управувани од Л.Г. и А.В. и во стан кој го изнајмил еден од приведените, пронајдени се марихуана, кокаин, дигитална вага и други предмети.