25/04/2024
Охрид

Приведени шест лица поради тепачка во кабаре во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид, на 29 овој месец околу 02 часот, од кабаре лоцирано на улицата „Железничка“ во Охрид, ги приведе следниве шест лица: И.Ј.(34) од Охрид, И.М.(31) од селото Белчишта – општина Дебрца, Н.М. од селото Лешани – Дебрца, Б.Л.(27) од Гостивар, И.М.(31) и Љ.С. (34), двајцата од селото Белчишта.

Приведувањето е извршено по случено нарушување на јавниот ред и мир во кабарето, најнапред со вербална расправија, а потоа и со тепачка помеѓу прво пријавениот и останатите учесници. Натамошниот тек на нанарушувањето е спречено од полициски инспектори кои навремено реагирале и оневозможиле нарушување од поголем обем.

Против сите приведени лица, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.