29/03/2024
Охрид

Продажба на познати едиции во охридската Библиотека „Григор Прличев“

Во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид по повод месецот на книгата има продажба на следните едиции:

„Ѕвезди на светската книжевност“

„Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ дел од едицијата „Македонски искушенија“

„130 тома македонска книжевност“

„130 тома македонска книжевност на англиски јазик“

Подготовка, превод, лектура и печатење на 5 дополнителни наслови од проектот 135 тома македонска книжевност

Превод на македонски јазик на дела од албанската и турската книжевност во Македонија.

Продажбата ќе биде отворена од 06.11.2017 до 10.11.2017 година во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во Прличевата одаја до 14 часот. Преку оваа продажба читателската публика може по многу прифатлива цена да ги набави публикациите од гореспоменатите едиции.