16/04/2024
Македонија

Продолжува кампањата „Среќна и безбедна 2018 година – во семејно и пријателско дружење“

Одделението за превенција во СВР-Скопје утре (20.12.2017 година) на плоштадот пред основното училиште “Дитурија“-општина Сарај во соработка со општина Сарај, Црвениот крст на град Скопје и ученици од основното училиште “Дитурија“ ќе продолжат со активностите за реализација на кампањата ,,Среќна и безбедна 2018 година – во семејно и пријателско дружење“. Со активностите предвидено е да се почне во 12,00 часот со кратка дискусија со учениците на тема “Петардите не се играчки“.

Целта на кампањата е да се подигне свеста на граѓаните–случајни минувачи, ученици и родители, преку показна вежба за давање на помош на здобиени повреди предизвикани од злоупотреба на пиротехнички средства.

Со кампањата се опфатени основните и средните училишта на град Скопје, преку показни вежби за давање на помош на повреди предизвикани од злоупотреба на пиротехнички средства, симулација во соработка со Црвениот крст на град Скопје.