28/03/2024
ДебрцаОхрид

Продолжува со реализација Програмата на грижа за стари лица

Црвен крст Охрид веќе трета година реализира Програма на грижа за стари лица која опфаќа најразлични форми на грижа, помош и поддршка на старите лица со различен социо-економски статус, од општините Охрид и Дебрца. Програмата ја спроведуваат возрасните пензионери-волонтери на Црвен крст Охрид.

Покрај задоволување на бројни потреби искажани од корисниците на оваа програма, волонтерите на Црвен крст Охрид се посветени на корисниците, своите врсници и преку најразлични форми на заедничко дружење.

Во таа насока, ќе се одбележи јубилеј 70 години брак на брачниот пар Душан и Костадинка Лошкоски од с. Оровник, а ќе се реализира на 06.02.2019 г. во 16 часот во Домот на култура во с. Оровник.