Програма за одбележување на 24-ти мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Со пригодна програма Општина Охрид ќе го одбележи  24-ти мај  Денот на Сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Програма:

23.05.2019 година (четврток)

12:00 часот

Свеченост по повод Патрониот празник на СОСУ „Свети Кирил и Методиј“

Место : СОСУ „Св.Кирил и Методиј” (спортска сала)

24.05.2019 година (петок)

10:30 часот

Панихида за светите браќа;

Фолклорен концерт на КУД „Ѓердан”

Место: Дом на култура „Свети Кирил и Методиј” – Кошишта

11:00 часот

Полагање цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј;
Обраќање на Претседателот на Советот на Општина Охрид, г-ѓа Живка Ангелоска;
Доделување награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта
Културно – уметничка програма

Место: Споменик на св. Кирил и Методиј

19:30 часот

Концерт на растечката генерација македонски пијанисти под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски

Место: црква „Света Софија”