Програма за одбележување на Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид

Во пресрет на одбележувањето на 8-ми Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид, општината ја објавува Програмата со настани посветени на празникот.

 Програма за одбележување на 8-ми Декември

– Свети Климент Охридски –

Патрон на Охрид

05.12.2019 година (четврток)

  • Музички концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“

ОМУ „ Методи Патче„ (концертна сала)

18.30 часот

  • Свечена приредба на ОУ „Свети Климент Охридски“

НУ Центар за култура „Григор Прличев“

19.00 часот

06.12.2019 (петок)

  • Свечености во чест на Патронот, во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“

НУ Библиотека „Григор Прличев“ (Прличева одаја)

12.00 часот

  • Премиера на играниот  филм  „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперкоски

НУ Центар за култура „Григор Прличев“

19.00 часот

07.12.2019 година (сабота)

  • Традиционална изложба на Фото клуб – Охрид

НУ Центар за култура „Григор Прличев“  (Изложбен салон)

19.00 часот

  • Изложба на ликовни творби на учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ и доделување награди од училишниот конкурс

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ (галерија)

19.00 часот

  • СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

НУ Центар за култура „Григор Прличев“

20.00 часот

08.12.2019 година (недела)

  • Поклонeние пред моштите на Свети Климент Охридски

Манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник

10.00 часот

  • Полагање свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски

ОУ „Свети Климент Охридски“ (училиштен двор)

10.30 часот

  • Полагање свежо цвеќе на момументалниот споменик на  Свети  Климент Охридски на градскиот плоштад и врачување награди на најдобрите  поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод  Патронот на Охрид

Градски плоштад „Свети Климент Охридски“

11.00 часот