23/04/2024
Охрид

Програма за „Прличеви беседи“ 2019

По повод годишнината од смртта на охридскиот писател и преродбеник Григор Прличев на 5-ти и 6ти февруари ќе се одржи годинешното издание на манифестацијата „Прличеви Беседи“.

Во целост ја пренесуваме програмата:

OПШТИНА ОХРИД НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” – ОХРИД НУ БИБЛИОТЕКА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” – ОХРИД ОУ “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ”

Ве покануваат да земете учество во чествувањето на Григор Прличев во рамките на манифестацијата “Прличеви беседи”–2019 г.

05.02.2019 година (вторник):

12.oo ч. Промоција на монографија по повод јубилејот: 30 години „Поетска ноќ
во Велестово“;

Место: НУ Библиотека “Григор Прличев”

12.45 ч. Изложба на ликовни дела на уметници од Република Македонија;

Mесто: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид (Изложбен салон)

13.oo ч. СВЕЧЕНОСТ ПОСВЕТЕНА НА ЛАУРЕАТОТ НА НАГРАДЕНАТА ПОЕМА ЗА 2018 ГОДИНА

Место: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид

06.02.2019 година (среда):

10.oo ч. Полагање цвеќе пред споменикот на Григор Прличев;

Место: ОУ “Григор Прличев”

10.30 ч. Панихида и полагање цвеќе на гробот на Григор Прличев;

Место: Гробот на “Григор Прличев”

12.oo ч. “СТИХОВИ И ЗВУЦИ ЗА ПРЛИЧЕВ”

Беседа за Григор Прличев – Академик Витомир Митевски;

Место: Спомен куќа на Григор Прличев

12.45 ч. Полагање Лавров венец и свежо цвеќе пред бистата на поетот;

Обраќање на секретарот на Друштвото на писатели на Македонија,
г-дин Мишел Павлоски;

Место: Бистата пред НУ Библиотека “Григор Прличев”

13.oo ч. Портрет на писателот и поет Видое Видически;

Видео – проекција „Од животот на Прличев“;

Охридска визита;

Место: НУ Библиотека “Григор Прличев“