19/04/2024
Македонија

Програмата Дармасисва нуди стипендии за странски студенти за студирање Бахаса, уметност и култура на универзитети во Индонезија

Министерството за образование и култура (MoEC) во соработка со Министерството за надворешни работи(MoFA) на Индонезија во рамките на Програмата за стипендии Дармасисва (Darmasiswa Scholarship) за академската 2018/2019 година нуди стипендии за странски студенти за студирање Бахаса (Bahasa), уметност и култура на универзитети по избор на кандидатите, лоцирани во разни градови во Индонезија.

Целта на Програмата Дармасисва е да се промовира и зголеми интересот за јазикот и културата на Индонезија кај младите од земјите со кои Индонезија има воспоставено дипломатски односи, како и да се зајакнат културните врски и разбирања со овие земји.

Аплицирањето и поднесувањето на сите потребни документи за овие стипендии се врши исклучително по електронски пат на следната интернет страна на Програмата Дармасисва, каде може да се добијат и сите поблиски информации за начинот и условите и потребните документи за аплицирање за стипендијата и нејзиниот износ.

www.darmasiswa.kemdikbud.go.id

Крајниот рок за аплицирањето по електронски пат е 22 февруари 2018 година.