29/03/2024
Македонија

Програмата за техничка соработка на МААЕ за проектниот циклус 2020-2021

Целта на Програмата за техничка соработка на МААЕ е да им помогне на земјите членки во развојот на сопствените програми за одржлива примена на нуклеарни техники во мирновременски цели.

Помошта на МААЕ се реализира преку обезбедување на експертски услуги во соодветната област, обука на кадри вклучени во реализацијата на проектот во реномирани центри во земји членки на МААЕ, симпозиуми, семинари, и набавка на нова или надградба на постоечката опрема.

Предлог – проектите треба да бидат во согласност со Програмската рамка за техничка соработка меѓу Република Македонија и МААЕ (Country Programme Framework ), односно од областа на :

• Унапредување на здравствената заштита со примена на нуклеарни техники во дијагностика и радиотерапија;
• Унапредување на инфраструктурата за заштита од јонизирачко зрачење и нуклеарна безбедност;
• Безбедност на храна;
• Примена на изотопски техники во различни подрачја (екологија, ветерина, геологија, хидрологија и т.н.)

Според правилата на МААЕ, за да може еден проект кој во себе предвидува набавка на опрема чија вредност е поголема од 150.000 Евра да биде прифатен за финансирање од страна на МААЕ, институцијата која е подносител на проектот должна е во Фондот за техничка соработка на МААЕ да уплати најмалку 50% од вредноста на опремата. Овој документ/изјава е т.н. Government cost-sharing, со кој што земјата ја искажува својата заложба за успешна имплементација на проектот, и истиот треба да биде составен дел на поднесената проектна документација до Министерството за образование и наука.

Формуларот за пријавување на проектната идеја (National Project Document Template), како и сите потребни информации во врска со подготвувањето и пријавувањето на проектната идеја може да се најдат на веб страницата: http://pcmf.iaea.org. Целта е проектната идеја да се презентира во куса форма, а проектниот документ да се изготви со експертска подршка од МААЕ, откако ќе ја помине потребната евалуација од страна на соодветното техничко одделение на МААЕ.

Крајниот рок за поднесување на предлозите (во тврда копија и електронски) до Министерството за образование и наука, Сектор за наука и иновации – Канцеларија за врска со МААЕ е 15 април 2018 година.

Лице за контакт: Јулијана Балевска, Национален офицер за врска со МААЕ, е-меил: julijana.balevska@mon.gov.mk, тел. 3140 186.