19/04/2024
Македонија

Променливо облачно време со дожд и ретки грмежи

Од УХМР известуваат дека денес наутро во северните и источните делови ќе има повремен дожд проследен со ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град. Денес, а особено во недела ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за по неколку степени. Во недела и понеделник ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи.