Промоција на два нови наслови од Вера М. Самарјанин

Утре, 18 октомври во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи средба со авторот Вера М. Самарјанин од Битола. Во таа пригода модераторот Мирко Томовски ќе ги промовира нејзините најнови книги: „Без спокој“ и „Неспокој“.

Извадоци од книгите ќе чита Маја Мојсова.

Од пред една година хуманистката и писателка Вера М. Самарјанин е почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Сите нејзини книги, се самофинансирани и се донирани по градинките, училиштата и домовите за стари лица низ Р.Македонија. Досега подарила над 7.000 книги.

Вера М. Самарјанин е една од најпознатите хуманисти на овие простори. Добитник е на многубројни награди за хуманост. –„Хуманист на годината“ за 1999 г, „Велигденска Пофалница 2003 година“, „Хуманист на деценијата“ прогласена во 2006 година. „Мисионер на хуманоста“ – 2008 г.

Награда по повод 4-ти Ноември од град Битола во 2009, награда од Националниот спомен дом на Мајка Тереза во Скопје, плакета од Министерството за надворешни работи и од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Р. Македонија и многу други признанија и благодарници.
Во 2009 година од МНР на Република БиХ е избрана за Почесен Конзул на БиХ во Битола. Од оправдани причини таа ја одбива оваа почесна функција и ја прифаќа функцијата Претседател на Македонско – Босанско Херцеговачко здружение за пријателство и соработка со седиште во Битола.

Член е на „Медитеранската академија“, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес и е една од основачите на „Поезија со музика и цветна порака за мир“ од Струга.