29/03/2024
Охрид

Промоција на книгата „Охридската фамилија Мишеви“

На 09.12.2017 година (сабота) во 17 часот во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Охридската фамилија Мишеви“ – автор Вера Митеска.

Се работи за збирка раскази, анегдоти и случки кои што авторката ги има собрано во текот на последните 15 години за фамилијата Мишеви и нивните сродни фамилии. Збирката открива детали за тоа како изгледал животот во Охрид кон крајот на 19тиот век и почетокот на 20тиот. Во ова мало патешествие во минатото можеме да дознаеме многу за културното миле и социоекономскиот живот во градот.