19/04/2024
Охрид

Промоција на книгата „Сага за Охрид” од Валентина Нелоска

Денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид беше промовирана книгата „Сага за Охрид” од охридската новинарка Валентина Нелоска.

Промоција на книгата "Сага за Охрид" од охридската новинарка Валентина Нелоска

На чествувањето на Прличеви беседи беше промовирана и книгата „Сага за Охрид” од Валентина Нелоска. За книгата говореа проф. д-р Павле Митрески и новинарот и публицист м-р Милчо Јованоски.