28/03/2024
Охрид

Промоција на книгата „Свети Архангел Михаил“ од акад. Миле Миќуновиќ

Утре во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Свети Архангел Михаил“ од академик Миле Миќуновиќ.

Во оваа 98 книга академик Миќуновиќ на над 700 страници ги изнесува истражувањата на терен на 64  црковните храмови во Македонија што се посветени на Свети Архангел Михаил по азбучен ред без да го опишува во детали нивниот фрескоживопис , бидејќи како што вели: читателот може да користи соодветна литература од компетентни автори – пред се’ историчари на уметност.

Академик Миќуновиќ ја запознава јавноста со тоа како дошол на идејата да ја пишува книгата. Кој е всушност Свети Архангел Михаил, пренесува молитви за овој свет ден , како и обреди кои се прават по домовите и семејствата во чест на светецот.

Промотор ќе биде м-р Милчо Јованоски, а промоцијата е закажана за утре, среда во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.